Спортскиот дирекот на Милан, Леонардо изјави дека денеска разговарал со Матеја Кежман, но дека преговорите околу доаѓање на Сергеј Милинковиќ Савиќ никогаш не ни започнале, од едноставна причина што српскиот репрезентативец бил прескап за клубот.
-Не кријам дека разговарав со неговиот агент Кежман, но уште од почетокот знаевме дека доста скап и недопирлив за нас, поради ситуацијата со УЕФА околу финансискиот фер-плеј. Кај нас секое доаѓање е поврзано со заминувањата, изјави Леонардо на промоцијата на трите последни засилувања, Бакајоко, Лаксалт и Кастиљехо.
Медиумите минативе денови пишуваа дека Милан на Лацио му понудил 40 милиони евра веднаш и уште 80 милиони следното лето, за трансферот на Милинковиќ Савиќ.
Српскиот фудбалер и оваа година ќе настапува во Лацио, но извесно со поголема плата.