Швајцарија е на чекор до пласман во осминафиналето на СП 2022 откако оваа селекција поведе со 3-2 на самиот старт од второто полувреме против Србија.
Откако даде гол за израмнување пред крајот на првиот дел, Швајцарија го комплетираше пресвртот на самиот почеток од второто полувреме, откако по акцијата што ја почна Шаќири топката стигна до Фројлер, кој од седум-осум метри рутински ја затресе мрежата на Србија.
Швајцарците со овој резултат сигурно се второпласирани во својата група и за ривал во осминафиналето ќе ја имаат Португалија.