Гранит Џака по мечот зборуваше за поразот од Бразил. Како што вели тој, направиле се што е во нивна можност да освојат поволен резултат.
„Многу сме разочарани. Можеше да се види, одигравме добро, покажавме тимски дух, добро се браневме, рече Џака.Заклучокот на новинарите бил дека Швајцарија не се закани многу на Алисон Бекер.
-Ако мислите дека некој може да има 10 удари кон голот на Бразил, покажете ми го тој тим. Имавме многу почит за Бразил и Камерун. Можеби само три селекции го имаат квалитетот на Бразил. Знаевме дека ова ќе биде поинаков натпревар од Камерун. Со Србија ќе биде поинаку, вели тој.
Новинарот на Б92.net Стефан Смуѓа го праша Џака дали ќе има дополнителна мотивација на средбата со Србија.
„Не е важно против кого ќе играме. Ние сме професионални фудбалери. Убаво е да се игра против Бразил, Камерун и Србија.
Драматичен беше последниот натпревар на Светското првенство во Русија 2018 година, забележал новинарот, алудирајќи на „летањето орли“.
-Мислам дека нема историја, тоа се само два натпревари. Ние сме Швајцарија, тие се Србија. Ќе дадеме се од себе на теренот, ќе играме фудбал и нека победи подобриот тим“, заклучи Џака.
Како што е познато, Швајцарија и Србија се сретнаа на СП во 2018-та во групната фаза. Тогаш победи Швајцарија со 2:1. Стрелци на головите беа Шаќири и Џака, кои се по потекло од Косово. Прославија со „летање на орли“, а подоцна беа казнети од ФИФА, но и од Швајцарската фудбалска асоцијација, парично се разбира. Пред извесно време Џака изјави дека не требало да го прави тоа.
Двајцата фудбалери се во комбинација и за овој дуел со Србија во петок, на 2-ри декември.