сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Српски репрезентативец тврди дека финалето меѓу Аргентина и Франција е наместено (ФОТО)

Српски репрезентативец тврди дека финалето меѓу Аргентина и Франција е наместено (ФОТО)
epa08828040 Serbia's Nemanja Radonjic sits injured during the UEFA Nations League, League B, group 3 match, between Serbia and Russia in Belgrade, Serbia, 18 November 2020. EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Србија не се прослави на Светското првенство во Катар, но фудбалерите на оваа репрезентација се главни кога се во прашање медиумите.

За време на Мундијалот се појави скандал со сопругите на играчите, а во текот на финалниот меч се истакна играчот на Торино, Немања Радоњиќ. Веројатно Аргентина н била негов фаворит за титулата, па по првиот гол што го постигна Меси, тој остави коментар на Инстаграм.

„Ми е срам што го гледам овој наместен натпревар“, напиша Радоњиќ кој треба да е среќен што не е казнет за ова.

Којзнае како реагирал подоцна откако Франција израмни на 2-2, па на 3-3, а победникот беше одлучуван на пенали.