вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Стадионите во Катар ќе добијат нова улога

Стадионите во Катар ќе добијат нова улога

Со спектакуларното финале помеѓу Аргетнина и Франција заврши 22. издание на Светското првенство кое оваа година се одржа во Катар. Истиот кој воедно беше и најефикасен во историјата со вкупно 172 постигнати гола беше одигран на осум различни стадиони од кои седум се изградија токму за оваа намера.

Катар за нив потроши 6.5 милијарди долари, а интересно истите брзо ќе претрпат и големи промени со оглед на тоа што по Азискиот Куп кој ќе се одржи следната година ќе бидат пренаменети за друга употреба.

Тие се изградени од материјал кој може квалитетно да се рециклира и да се користи за изградба на други објекти па така најскапиот стадион „Лусаил“ ќе стане станбено-деловен комплекс со шопинг центар, училиште, болница, а трибините ќе се претворат во тераси.

Слична иднина ги очекува и дел останатите стадиони кои ќе бидат пренаменети во центар за спортска медицина, хотел со пет ѕвезди…

Други пак остануваат како фудбалски стадиони, но нивниот капацитет ќе се преполови со оглед на малиот интерес за катарската публика за домашното првенство.