петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Стерлинг се сели во Челси

Стерлинг се сели во Челси

Менаџерот на Челси, Томас Тухел го посакува во редовите на Челси напаѓачот на Манчестер Сити, Рахим Стирлинг.

До неодамна се сметаше дека „сините“ следат уште еден напаѓач на Сити, Габриел Жесус. Сепак, Бразилецот е блиску до трансфер во Арсенал.

27-годишниот крилен напаѓач има договор со „граѓаните“ на уште една сезона, па неговата иднина во клубот е неизвесна.

Се почесто се шпекулира дека газдите на „Етихад“ се подготвени да го продадат за добра понуда. Цената на играчот е околу 70 милиони евра.

Стирлинг беше донесен во Манчестер Сити од Ливерпул во 2015 година. За последните седум сезони со екипата има 339 натпревари, 131 гол и 95 асистенции.

.