петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Суарез си оди од Атлетико, а веќе има нов клуб

Суарез си оди од Атлетико, а веќе има нов клуб

Луис Суарез го одигра последниот натпревар пред навивачите на Атлетико, а по излегувањето од игра седна на клупата и плачеше.

Со Атлетико истата сезона стана шампион на Шпанија, а вкупно за него одигра 81 натпревар и постигна 34 гола. Кариерата ќе ја продолжи во друг клуб. Суарез има 35 години, а Атлетико нема намера да го продолжи договорот кој е со важност до крајот на јуни. Исто така.

Најчесто се споменува можноста да се врати во Премиер лигата, каде што настапуваше за Ливерпул од 2011 до 2014 година.

На „Енфилд“ тој ја делеше соблекувална со Стивен Џерард, кој сега седи на клупата на Астон Вила и не ги крие симпатиите кон поранешниот соиграч. Оваа идеја се споменува веќе некое време.