Фудбалот во Шпанија оди од скандал во скандал, па така сега е под знак прашалник продолжението на сезоната дури и во најсилната Примера дивизија.
Сојузот на судиите најавува штрајк, повлекување од работната позиција и прекин на првенството. Причина за тоа се нападите на кои се подложни арбитрите во последниот период. По низа вербални и дури физички напади во разни шпански лиги, судиите се подготвени на овој радикален потег.
Како главен поттик е нападот на Антонио Поцо, судија кој ја делеше правдата на натпревар на У19 екипите на Пилилас и Калавере. Судијата беше соборен на земја и претепан, во ситуацијата учествувал и родител на едно дете, што е дополнителен проблем.
Судиите во Шпанија тврдат дека се води кампања против нив, подготвени се да штрајкуваат и ги прекинат првенствата. Според најавите од Шпанија, одлуката ќе падне во текот на денешниот ден.