среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Супер-купот на УЕФА во 2024 година ќе се игра во Варшава

Супер-купот на УЕФА во 2024 година ќе се игра во Варшава

УЕФА Супер-купот, натпреварот во кој учествуваат победникот во Лигата на шампионите и победникот во Лигата на Европа, идната 2024 година ќе се игра во полскиот главен град Варшава.

Ова го објави УЕФА откако донесе одлука Полска да биде градот домаќин на овој натпревар. Оваа година истиот се одигра во Атина, на стадионот „Караискаки“ во Пиреја. Одлуката е донесена на извршниот комитет на УЕФА во Кипар.

Натпреварот ќе се игра на 14. август 2024 година. Домаќин на овој натпревар во 2017 година беше Скопје. До 2012 година овие мечеви се играа во Монако, на стадионот „Луј Втори“, а од 2013 година се менуваат градовите домаќини.

Досега домаќини на Супер-Купот на УЕФА освен Скопје и Монако беа Прага, Кардиф, Тбилиси, Трондхајм, Талин, Истанбул, Будимпешта, Белфаст, Хелсинки и Атина.