понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Светските медиуми за дебаклот: „Германија си оди дома, предадена од Шпанија…“

Светските медиуми за дебаклот: „Германија си оди дома, предадена од Шпанија…“

Германија извиси во својата група и втор Мундијал во низа го заврши уште на почетокот. Јапонија заврши на првото место, а заедно со неа во осминафиналето се пласира и Шпанија.

Германците запишаа залудна победа над Костарика во последното коло, со оглед на славјето на Јапонците против шпанскиот тим. Разочарувањето кај германските фанови и медиуми беше огромно, а така беше и на насловните страници на многу познати светски таблоиди.

Марка: „Благодарам, Германија! Благодарам, Хаверц!”

The Sun: „Срцето за Германците е скршено бидејќи тие повторно се елиминирани во групната фаза по контроверзната победа на Јапонија“.

Гардијан: „Германија е осудена на предвремена елиминација во хорор повторување на Светското првенство од 2018 година“.

Ле Монд: „Земјотрес го потресе фудбалскиот свет. Како и во 2018 година, Германија падна во прелиминарната рунда за Светското првенство“.

Газета дело Спорт „Германија си оди дома, предадена од Шпанија“.

Спорт Билд: „Колку е срамно! Ние сме елиминирани!“.

Спорт1 : „Шпанија погреши, Германија плаче: Светското првенство завршено!“.

Хенси Флик ќе биде под голем притисок во наредниот период. Не се исклучува можноста да добие отказ, иако засега нема најави за таков потег на германскиот фудбалски сојуз.