недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Светските медиуми за дебаклот на Барселона: Меси и соиграчите направија будали од себе

Светските медиуми за дебаклот на Барселона: Меси и соиграчите направија будали од себе

„Понижувње„, „смешно“, „мрачно“ се дел од насловите во светските и шпанските медиуми по вчерашниот дебакл на Барселона против Баерн Минхен од 8-2 во четвртфиналето во Лигата на шампиони.

Француски „Лекип“ поразот на Барселона го нарече „историска лекција“

Аргентински „Диарио Оле“ пишува дека „вчерашниот меч вечно ќе биде запаметен во историјата на ЛШ“.

Гермнанскиот весник „Билд“ пишува:„8-2! Баерн ја понижи Барса. Mega Müller, Show Daviesa &Coutinho double”.

Британски „Дејли телеграф“ пишува дка „Барселона го допре дното во нејзиното понижување во ЛШ“.

Во ист тон пишува и „Гардијан“, наведувајќи дека „“Милер го одвел Баерн до победа понижувајќи ја Барселона“.

„Дејли мејл“ е уште поостар,истакнувајќи дека „играчите на Сетиен направиле будали од себе со таквото испаѓање од ЛШ“.