Фудбалерот од средниот ред на Шахтјор, Тајсон постави нов рекорд во Лигата на Европа.
Триесет и двегодишниот Бразилец постигна гол синоќа во четвртфиналето против Базел (4:1) и седмата сезона од второто по квалитет континентално фудбалско натпреварување се запиша во листата на стрелците.
Претходно, тројца играчи успеаја да постигнат гол во шест сезони – Александар Лаказет, Џермејн Ленс и Ари.
Тајсон игра за Шахтјор од 2013 година. Во тековната сезона досега тој одигра пет натпревари во Лигата на Европа, на кои постигна еден гол. (MИА)