вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Таткото на Халанд ја откри тајната: Го копира Кристијано Роналдо

Таткото на Халанд ја откри тајната: Го копира Кристијано Роналдо

Ерлинг Халанд го сметаат за генерациски талент кој се докажа во Борусија Дортмунд со 85 гола на 88 меча, по што се пресели во Манчестер Сити. Неретко се истакнува неговата фантастична физичка подготовка, а британски „Сан“ пишува како 21-годишниот Норвежанец следи строга диета од шест оброци дневно.

„Халанд јаде пилешко и тестенини без сол и масло, како и риба како сабјарка, бранцин и орада, сето тоа готвено со свеж зеленчук“, наведува „Сан“. Таткото на Халанд, Алф-Инге, во интервју за „ЕСПН“ од 2019 година изјави дека Ерлинг почнал да ја следи исхраната на Кристијано Роналдо откако ја чул приказната на Патрис Евра.

„Евра раскажа за ручекот со Роналдо. Кристијано јадел риба, ништо друго. Ерлинг сега се обидува да ги прави истите работи бидејќи Роналдо во своите години и понатаму е на врвот, што покажува дека е добро да се прават вистинските работи“, изјави Алф-Инге Халанд.