Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, изјави денеска оти португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо е минато за клубот од „Олд трафорд“.
Роналдо пред почетокот на Мундијалот во Катар го раскина договорот со Јунајтед, откако во интервју за британскиот новинар Пирс Морган ги навреди клупското раководство, тренерот и поранешните соиграчи.
„Роналдо замина од клубот и тоа сега е минато. Манчестер јунајтед сега гледа напред и во иднината. Имаме големи амбиции во иднина. Задоволен сум од актуелната ситуација, но гледам дека има многу простор за напредок“, рече Тен Хаг за клупската телевизија.
Манчестер јунајтед е петтопласиран во моментов на табелата во Премиер лигата