Голманот на германската фудбалска репрезентација Марк Андре тер Штеген нема денеска да отпатува со екипата во Оман на стартот на подготовките за Светското првенство во Катар поради инфекција на дигестивниот тракт.
Германските репрезентативцивчера се собраа во хотел на аеродромот во Франкфурт откако денеска ќе отпатуваат во Оман каде во идеални временски услови ќе се подготвуваат за Мундијалот, кој почнува на 20 овој месец.
-Тер Штеген нема да отпатува денеска со екипата во тренинг кампот во Оман поради гастроинтестинална инфекција. Тој засега останува во Франкфурт и ќе отпатува веднаш штом закрепне, се наведува во соопштението на фудбалската репрезентација на Германија.
Германскиот состав в среда ќе одигра пријателски натпревар против Оман, а Мундијалот го почнува на 23 ноември против Јапонија. (МИА)