сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Терзиќ: Честитки до Челси,заслужено одат понатаму

Терзиќ: Честитки до Челси,заслужено одат понатаму
При резултат 1:0 во ЛШ  на мечот Челси и Борусија Дортмунд, тимот од Лондон доби пенал и тука немаше дилеми, но откако Хаверц првично промаши, судијата Макели реши најстрогата казна повторно да се изведе.
Во шеснаесетникот порано влегоа играчи на двата тима, но Макели процени дека има доволно елементи за повторно изведување на пеналот, кој на крајот беше реализиран од Хаверц за 2:0.
По натпреварот, тренерот Терзиќ призна дека е разочаран од тесниот пораз и честиташе на Челси за пласманот во четвртфиналето.

– Разочарани сме, загубивме на тесен начин. Пеналот беше клучен момент, тоа беше тешка одлука за нас, но сметам дека Челси заслужи да оди понатаму. Честитки до нив, ова беа два тесни меча, по кои и ние заслуживме да бидеме во четвртфиналето. Си имавме свои шанси, а кога нема да ги искористите, не може да се најдете во следната рунда, – изјави Един Терзиќ.