Најдобриот стрелец во историјата на фудбалската репрезентација на Австралија, Тим Кејхил најави дека повеќе нема да настапува за националниот тим.
Кејхил досега има одиграно 107 натпревари за австралиската репрезентација и има постигнато 50 голови.
Тој воедно е рекордер во австралискиот фудбал според бројот на настапи на светските првенства. Со настапот во Русија досега има четири пати играно на мундијалите.
За австралиската репрезентација дебитираше на 25-годишна возраст во 2004 година.
МИА