среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тишина која зборува многу – Тонали осамен стоеше на трибините на Сан Сиро (ВИДЕО)

Тишина која зборува многу – Тонали осамен стоеше на трибините на Сан Сиро (ВИДЕО)

Судбината сакаше Тонали да се падне во група со Милан и повторно да дојде на Сан Сиро. Сите знаат за неговата љубов кон клубот од Милано, тој и не сакаше да замине, но раководството го убеди да си оди поради големата понуда која од Њукасл која не сакаа да ја пропуштат.

По денешното интервју за „Скај Спортс“ со Џанлука Ди Марцио, Сандро Тонали сам застана на трибината и емотивно гледаше во теренот.

„Одиграв многу натпревари на Сан Сиро и се сеќавам речиси на сите од нив. Утре емоциите ќе бидат големи, но знам да ги менаџирам и ќе се обидам да ги одвојам кога мечот ќе почне. Тоа е фудбалот, понекогаш ве изненадува“, вели Тонали.

„Се сретнав со Пиоли, зборувавме за се освен за фудбал. Двајцата бевме среќни што повторно се сретнавме како пријатели“.

„Одморив, се опоравив и ќе бидам подготвен да играм на утрешниот меч. Сакав да дојдам тука и за дуелот со Украина, но не можев поради резултатите од тестовите. Сега се е добро и ќе можам да играм“.