Аденор Леонардо, попознат како Тите, веќе шест години е на чело на најуспешната селекција во историјата и сега нема простор за никакви изговори. Бразилската јавност сака шеста титула.
„Имаме многу таленти, добра екипа сме, упорни сме, а за да постигнеме успех сакам моите играчи да го повторат тоа што го направија досега. Кој ќе биде подобар, ќе оди понатаму“, изјави Тите.
Во продолжение Тите истакна дека Бразилците имаат ист скаут за Србија и Хрватска.
„Нашиот соработник Рикардо Гомеш ни донесе важни информации. Ја скаутираше Србија, а сега ја скаутира и Хрватска. Детално ни ги објасни Хрватите. Имаат одличен индивидуален квалитет, но и технички тимски квалитет. Сепак, мојот фокус е на Бразил.Ние сме подготвени.