Легендарниот германски фудбалер Тони Крос би можел да се пензионира на крајот од сезоната. Мадридските медиуми открија дека Реал Мадрид наводно стравува дека Крос навистина би можел да се повлече.
Фудбалерот има договор до јуни 2023 година, а сите во Реал сакаат тој да остане. Не се доведува во прашање дали Крос сака да оди во друг клуб, туку дали воопштво ќе игра фудбал.
Повеќе пати говореше дека е физички и психички и психички исцрпен и дека нема да гледа по годините, туку по личното чувство кога ќе одлучува за пензионирање.
Крос не сака да брза со одлуката за продолжување на соработката со Реал, бидејќи ги следи знаците кои му ги дава телото.