среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тони Крос става крај на кариерата

Тони Крос става крај на кариерата

Како што пренесуваат шпанските медиуми на крајот на сезоната Лука Модриќ и Тони Крос ќе го напуштат Реал Мадрид.

Тоа ќе значи и крај на една ера, бидејќи Модриќ и Крос заедно со Каземиро го сочинуваа „јадрото“ на Реал долги години и беа најзаслужни за големите успеси.

Договорите на двајцата ветерани истекуваат на крајот на сезоната, а Реал Мадрид веќе размислува за нивни замени.

Реал сака да го продолжи договорот со Крос и веќе испратил понуда до неговиот агент, но Германецот сериозно размислува за крај на кариерата.

„АС“ пренесува дека Крос наскоро ќе донесе конечна одлука, но тоа најверојатно ќе биде повлекување од фудбалот.