среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тотенхем без голманот Лорис до крајот на сезоната

Тотенхем без голманот Лорис до крајот на сезоната

Францускиот голман и чувар на мрежата на Тотенхем, Уго Лорис, ќе го пропушти преостанатиот дел од сезоната поради повреда на бутниот мускул, објави тренерот на лондонскиот премиерлигаш Рајан Мејсон.

Капитенот на Тотенхем е надвор од теренот од 23 април кога на дуелот против Њукасл беше заменет на полувремето.

Клубот од северен Лондон е во серија од четири натпревари без победа, а до крајот на премиерлигашката сезона преостануваат уште четири кола.

„Уго ја заврши сезоната. Направивме повторно тестови и резултатите се разочарувачки“, рече Мејсон. (МИА)