четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тотенхем го договори Бисума

Тотенхем го договори Бисума

Лондонски Тотенхем му исполни една од желбите на својот менаџер Антонио Конте и ја заврши работата со доведувањето на Ив Бисума.

Бисума во Лондон се сели од редовите на Брајтон, а со „петлите“ потпиша четиригодишен договор. Според британските медиуми, Тотенхем за овој трансфер плати 25 милиони фунти, плус дополнителни десет милиони од потенцијални бонуси.