сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тотенхем го одби Баерн: Цената за Кејн е 100 милиони евра

Тотенхем го одби Баерн: Цената за Кејн е 100 милиони евра

Тотенхем експресно ја одби понудата на Баерн Минхен за Хари Кејн, само неколку часа откако баварскиот гигант официјално понуда 70 милиони евра плус клаузули за да го ангажира англискиот репрезентативец во своите редови.

Очекувано, „спарси“ не одговорија позитивно на ваквата понуда, а до Баерн стигнало и повторување на ставот што лондонскиот клуб го има од почетокот на летово.

„Цената за Хари Кејн изнесува 100 милиони евра и невозможен е трансфер под оваа сума“, гласела пораката од Тотенхем до Баерн на оваа тема.

„Спарси“ би го продаде својот капитен на неанглиски клуб за да спречат тој да се пресели во Манчестер Јунајтед, но исто така и немаат намера да дадат било каков попуст во преговорите, како со Реал Мадрид, така и со Баерн Минхен. На потег сега е управата на баварскиот гигант, која ќе треба да реши дали да ги задоволи ваквите барања на Тотенхем за фудбалерот кој во јули ќе наполни 30 години, или ќе се сврти кон помлади и поевтини опции на пазарот.