четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Фудбал

Тотенхем го скрши својот трансфер рекорд

Тотенхем го скрши својот трансфер рекорд

Тотенхем го финализираше трансферот на Танги Ндомбеле од Лион. Зделката е рекордна за „петлите“, а вкупната нејзина вредност може да достигне 65 милиони фунти, откако околу 10 милиони од нив се во форма на бонуси. Претходното најскапо засилување на лондонскиот тим беше Давинсон Санчез, за ​​кого беа платени 42 милиони фунти пред две години.

Играчот од средниот ред веќе потпиша петгодишен договор со опција за дополнителни 12 месеци. Тој ќе биде еден од најплатените играчи на Тотенхем. Неговиот надомест ќе биде 200,000 фунти неделно. Интерес кон Ндомбеле имаа и Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен и Јувентус, но тој ја избра понудата на финалистот во Лигата на Шампионите.

Французинот е второ ново засилување кое Тотенхем го привлекува денес, откако пред неколку часа беше објавен и трансферот на Џек Кларк, кој сепак веднаш беше пратен назад на изнајмување на Лидс.

Лондонскиот клуб се очекува да го потврди договорот за Ндомбеле до крајот на денот. (МИА)