петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тотенхем привлече напаѓач на Бенфика

Тотенхем привлече напаѓач на Бенфика

Екипата на Тотенхем го засили нападот со бразилскиот напаѓач Карлос Виничиус.

Дваесет и пет-годишниот голгетер пристигнува од португалска Бенфика на позајмица за една сезона, а „спарси“ ќе платат 3 милиони евра за неговите права.

Тие исто така ќе имаат можност да го купат за сума од 45 милиони евра по завршувањето на сезоната.

Во текот на последната кампања, Виничиус постигна 24 гола за Бенфика на сите турнири, вклучувајќи 18 во португалскиот шампионат.

Пред Бенфика, тој играше и за екипите на Гремио Анаполис, Наполи, Рио Аве и Монако.