недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тотенхем прв клуб во историјата на Премиер лигата без трансфер во два преодни рока

Тотенхем прв клуб во историјата на Премиер лигата без трансфер во два преодни рока

Тотенхем е единствениот клуб во Премиер лигата кој не направил трансфер на ниту еден фудбалер во два трансфер прозора.

Тимот од северен Лондон не се засили ниту минатиот летен преоден рок, ниту во зимскиот трансфер прозорец кој беше затворен синоќа.

Во текот на летото клубот го напуштија Муса Дембеле и Жорж-Кевин Нкуду.

И покрај тоа што не ангажира нови играчи, во моментов тимот е на третото место во Премиер лигата со 54 бода по 24 кола, или седум бодови помалку зад лидерот Ливерпул.

Веќе утре тимот предводен од Маурисио Покетино го пречекува Њукасл.