недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тоти: Светското првенство без Италија е како Рим без Колосеум

Тоти: Светското првенство без Италија е како Рим без Колосеум

Италија не игра на Светското првенство годинава бидејќи беше исфрлена од Македонија во плеј-офот. Тоа ќе биде второ последователно Светско првенство што „аѕурите“ го пропуштаат, а интересно е што меѓу Русија и Катар станаа европски шампиони победувајќи ги Англичаните во финалето лани во Лондон.

„Светското првенство без Италија е како Рим без Колосеум. Тоа е невообичаено и за нас Италијанците е повеќе од негативно“, вели поранешниот ас на Рома во едно интервју.

„Тие работи можат да се случат и со нив треба да се постапи соодветно. Ќе следиме поинакво Светско првенство, но тоа останува важно натпреварување со големи репрезентации. Секогаш се таму истите тимови: Франција, Бразил, Аргентина, Германија и Шпанија. Сè може да се случи на Светското првенство. Играјќи во ноември и декември, не знаете како играчите ќе бидат физички подготвени за натпреварите“, додаде Тоти.