петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Трагедијата во Тетово го одложи дербито помеѓу Шкендија и Шкупи!

Трагедијата во Тетово го одложи дербито помеѓу Шкендија и Шкупи!

Големата трагедија во модуларната болница во Тетово, каде што синоќа во голем пожар загинаа дури 14 лица, е причина поради која е пролонгирано големото фудбалско дерби помеѓу Шкендија и Шкупи.

Станува збор за пресметка од 6. коло од Првата лига, која сега е поместена за во вторник. Тетовци побараа преместување на средбата, додека составот од Чаир веднаш излезе во пресрет, сочувствувајќи со тага на жителите од градот под Шара.

Претходно, ФФМ поради тридневната жалост во Македонија ги одложи сите второлигашки натпревари од сабота за недела.