Ливерпул веднаш реши да ги потроши заработените пари од трансферот на Кутињо во Барселона, па управата на „црвените“ го ангажираше фудбалерот на Лестер, Алжирецот Ријад Марез.
Иако утрово се него се пишуваше дека е пред трансфер во Челси и дека Рома извиси за неговите услуги, од Англија доаѓаат вести дека токму тој ќе биде замената за Кутињо, па се очекува утре Матрез да се појави на „Енфилд“ на лекарски прегледи.
За услугите на Марез, управата на Ливерпул ќе искешира 55 милиони евра, а тој ќе потпише договор до 2022 година. Ова секако ќе биде добра зделка и за Лестер, кој во 2014 година го доведе Марез за само 500.000 евра.