Од Островот доаѓаат неверојатни вести. Јирген Клоп тргна по македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. Како што пишуваат тамошните медиуми стратегот на Ливерпул веќе имал разговор со нашиот фудбалер, му објаснил лично кои се неговите планови.
Клоп пред продолжение на сезоната сака да го реши проблемот со играч од средниот ред, откако не успеа со Артур, решението го гледа во Елмас. Македонскиот репрезентативец оваа сезона минува малку време на теренот, настапот во дресот на премиер-лигашот ќе биде одлична можност за него, но засега како голем проблем е договорот со Наполи, кој има важност до 2025 година. Неговата вредност е 23 милиони евра.
Оваа сезона постигна два гола и една асистенција на три натпревари против Аталанта, Емполи и Удинезе.
Jurgen Klopp has told #sscnapoli MF Eljif Elmas he wants to see him at #lfc says this source https://t.co/XYWVQGHFUi
— Scouts in Attendance (@scoutsattending) December 25, 2022