четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Трансфер бомба во Франција: ПСЖ дава 320 милиони евра за двете ѕвезди на хрватската репрезентација

Трансфер бомба во Франција: ПСЖ дава 320 милиони евра за двете ѕвезди на хрватската репрезентација

Нови вести околу евентуални трансфери пристигнуваат од Шпанија. Според наводите на „Дон Балон“, супер богатиот тим ПСЖ спремен е да ги доведе двете ѕвезди на хрватската репрезентацијата, Иван Ракитиќ и Лука Модриќ и тоа за неверојатни 320 милиони евра.

Заминувањето на Лука од Реал Мадирд е една од главните теми во светот на фудбалот  и станува се појасно дека после онаа со Роналдо оваа ќе биде главната трансфер сапуница ова лето. Како главен кандидат за доведување на Модриќ се најмногу се споменува Интер, но сега во трката се вклучува и гигантот од француската престолнина.

Како што објави „Газета дело Спорт“, фудбалерот на Реал Мадрид на клубот му соопштил дека сака да ја промени средината. Претходно, новиот тренер на „Кралскиот клуб“ Хулен Лопетеги ги негираше шпекулациите за заминувањето на најдобрите фудбалери на светот. Претседателот на клубот, Флорентино Перез, пак, рече дека е подготвен да го продаде Модриќ за 750 милиони евра. Во исто време, медиумите објавија дека хрватскиот фудбалер би можел да стане играч на на Интер за 60 милиони евра.

Од друга страна, Барселона во овој преоден рок веќе обезбеди двајца одлични играчи од средниот ред, а според последните вести таму се подготвуваат и за доведување на Пол Погба, со што Ракитиќ би добил многу тешка конкуренција, која би можела да го натера да размисли за менување на средината.

Не е никаква тајна дека претседателот на ПСЖ е голем фан на оваа хрватска двојка, а неговата љубов кон нив додатно се зголеми благодарејќи на нивните игри на Светското првенство во Русија.

Наводно првиот човек на францускиот шампион, Насер Ел Келаифи е спремен да понуди неверојатни 220 милиони евра за Модриќ и уште 100 милиони за Ракитиќ, тврдат „Дон Балон“, а дали ќе дојде до овие трансфери ќе се дознае во следните денови.