Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Лерој Сане се соочува со повеќемесечна пауза од фудбалските терени. Тој има повреда на коленото и најверојатно ќе мора да оди на операција на лигаментот.
Ваквиот развој на настаните за Сане во неизвесност го доведува трансферот во Баерн Минехн.
Претходно беше објавено дека фудбалерот е близу да се пресели во германскиот клуб кој беше подготвен да плати 110 милиони евра.
Сане се повреди во мечот за англискиот Супер куп против Ливерпул.
23-годишниот Лерој Сане минатата сезона одигра 47 натпревари за Сити, постигна 16 голови и оствари 14 асистенции.