Тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, го изнесе својот став за интересот што Челзи го покажува за голманот на мадридскиот тим, Јан Облак.
– Не сум изненаден. Секоја година, на крајот на сезоната, нашите најдобри играчи паѓаат на радарите на врвните тимови. Ова е нормално, клубовите секогаш ги бараат најдобрите играчи, а ние ги имаме многу. Логично е дека Облак привлече интерес, но се надевам дека тој ќе продолжи да игра за Атлетико, затоа што тој е важен дел од нашиот тим, изјави Симеоне.
Во сезоната 2019/20, Облак бранеше на 46 натпревари за Атлетико и прими 35 голови. Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на 27-годишниот Словенец на 80 милиони евра. (МИА)