недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тренерот на Милан по дебаклот со Лацио: Многу аспекти не функционираат

Тренерот на Милан по дебаклот со Лацио: Многу аспекти не функционираат

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли призна дека неговиот тим последните 20-ина дена се наоѓа во криза. Милан синоќа загуби од Лацио со 4:0 во натпревар од 19. коло во Серија А.

– Многу аспекти не функционираат: ментално, тактички… Тука сум и разговарам со вас затоа што морам да го сторам тоа. Во спротивно, ќе молчевме и, се разбира, ќе работевме подобро. Во последните две и пол недели немаме никаков резултат или добра игра и јасно е дека сите мораме да се преиспитаме. Работите не ни одат добро. Проблемот е што ни треба појасна комуникација меѓу играчите кога ја имаме топката. Знам само еден начин да се подобриме, да работиме, рече Пиоли.

Точно на половина во Италијанското фудбалско првенство, Милан кој ја брани шампионската титула е втор на табелата со 38 бода, 12 помалку од лидерот Наполи.

Лацио е трет со 37 бодови, колку што имаат Интер и Рома.