Екипата на Македонија ЃП ја оствари и третата победа во пролетниот дел од првенството. Во воведниот натпревар од 21.коло на ПМФЛ „лавовите“ славеа со 2-1 против штипска Брегалница.
Домаќините преку Јован Попзлатанов (34-минута) и Кристијан Стојкоски (40) создадоа два голка пшредност по првото полувреме, што се покажаа како доволни за освојуваљње на трите бода. Поразот на Бреганлица која во пролетниот дел незнае за победа, го ублажи Милан Џокиќ со голот во 55-минута.
Македонија ЃП со 36 бодови се зацврсти на 4.место на табелата, а Брегалница е шеста со шест бодови помалку.
Утре со почеток од 14 часот на програмата се останатите натпревари од 21.коло, а двојките се:
ШКЕДНИЈА – АКАДЕМИЈА П.
СКОПЈЕ – РАБОТНИЧКИ
ШКУПИ – ТИКВЕШ
ПЕЛИСТЕР – РЕНОВА
БОРЕЦ – СТРУГА ТЛ