Раководството на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ) предложи три од петте ѕвездички на бразилските дресови да се заменат со симболот на срце во чест на легендарниот фудбалер Пеле.
Петте ѕвездички ги симболизираат светските титули на Бразил (1958, 1962, 1970, 1994, 2002), од кои за освојување на првите три придонес на теренот даде и Пеле, кој во последните години е со нарушено здравје.
Пеле со трите светски титули ја одбележа историјата на бразилскиот фудбал, а Нејмар во текот на актуелното Светско првенство се израмни со него на вечната листата на стрелци. И двајцата имаат постигнато по 77 голови Бразил.
Настапот на Бразил на Мундијалот во Катар е во време кога 82-годишниот Пеле е сместен во болница во родниот Сао Паоло, а брзилските медиуми јавуваат дека неговото здравје полека се подобрува.