Претседателот на Турскиот фудбалски сојуз Јилдирим Демирорен изрази надеж дека УЕФА ќе и ја додели организацијата на Европското првенство во 2024 година.
Главен противкандидат за добивање на ЕУРО 2024 на Турците им е Германија.
– Во Турција се изградени многу модерни стадиони, за разлика од стадионите во Германија кои се стари и „истрошени“. Со право се надеваме дека ќе ја добиеме организацијата, вели првиот човек на турскиот фудбал.
Досега Турција не била домаќин на ЕП, а во случај да го добие би се играло на 10 стадиони во девет градови.
УЕФА одлуката ќе ја донесе за состанокот во Нион закажан за 27 септември. (МИА)