петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Турски фан му пресуди на телевизорот со пиштол по пенал утката на Јилмаз (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Турски фан му пресуди на телевизорот со пиштол по пенал утката на Јилмаз (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

За разлика од Италија, Португалија ја оправда фаворитската улога и ја победи Турција на домашен терен, но тоа го направи на доста драматичен начин и со голема нервоза во самата завршница.

Португалците водеа 2:0 во првото полувреме, но Бурак Јилмаз ги врати Турците во игра на стартот на вториот дел, но човекот кој можеше да биде херој, се претвори во трагичар.

Искусниот голгетер на Лил доби шанса да израмни на 2:2 во 85-та минута, но наместо да го направи тоа, биеше непрецизно од белата точка и го префрли голот.

Ова беше тежок удар за играчите на Турција и за огромен дел од фановите на оваа репрезентација, но на социјалните мрежи, посебно вирално стана едно видео на кое се гледа дека еден навивач применил и жесток рецепт во моменти на нервоза.

Во минатото сме гледале како телевизори страдале од нервозни навивачи, но овој турски фан го реши својот ТВ приемник со огнено оружје…..