понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Турскиот готвач кој очајно трчаше да се слика со Аргентинците, почна да добива забрани (ФОТО)

Турскиот готвач кој очајно трчаше да се слика со Аргентинците, почна да добива забрани (ФОТО)

Турскиот готвач Нусрет Гокче, познат како „Солт Бае“ е во центарот на вниманието откако се најде на теренот на церемонијата на доделување на пехрот на Аргентина од СП.

Иако е забрането пехарот да биде допиран од било кој друг освен од оние кои го освоиле, на Нусрет Гокче тоа не му беше грижа, тој трчаше да се слика со дел од аргентинските фудбалери кои со кисели насмевки беа во негово присуство.

Голем дел од јавноста беше гневна на однесувањето на Турчинот, а почнаа шпекулации дека ќе му биде забранет влезот на следниот Мундијал. Тоа не е потврдено, но во меѓувреме стигнуваат други забрани.

Првата забрана за турскиот готвач доаѓа од „Ју Ес Опен Куп“ кој објави дека на „Солт Бае“ му е забранет влез за финалето.