петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА: Длабоко жалиме поради насилството во Израел

УЕФА: Длабоко жалиме поради насилството во Израел

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин изрази денеска „длабока тага поради трагичното насилство во Израел“.

Поради воените дејствија кои почнаа во саботата, УЕФА одлучи да го одложи натпреварот меѓу Израел и Косово во Приштина, под образложение дека израелските власти не ѝ дозволуваат на својата репрезентација да патува во странство.

„Во име на УЕФА и европската фудбалска заедница пишувам за да ја изразам нашата длабока тага, откако дознавме за трагичните акти на насилство кои се случија минатата недела во Израел и резултираа со загуба на невини жртви. Ова е незамислива трагедија, а болката и тагата се длабоки и одекнуваат во целата фудбалска заедница“, наведе Чеферин во писмо упатено до претседателот на Фудбалската федерација на Израел.

Бројот на загинати во Израел од почетокот на војната продолжува да расте и достигна 1.300, а околу 3.000 се ранети, вклучувајќи 28 во критична и 350 во тешка состојба.