Од поодамна се најавува можност најголемиот фудбалски спектакл во годината, финалето во ЛШ да се пресели од Европа и да се игра во САД.
Александер Чеферин, првиот човек на УЕФА, кој веќе објави дека идејата да се пресели финалето во ЛШ во САД е добра идеја, на која треба да се работи.
САД го сака финалето како една од големите најави за Светското првенство во 2026 година, кое заедно со Канада и Мексико ќе го организира, а тоа ќе биде прво со 48 селекции.
„Мора да разговараме за тоа. Можда тоа е добра идеја за иднината, да се сели финалето од Португалија до Азербејџан. А, тој пат од Португалија до Азербејџан е ист како од Европа до Њујорк. За навивачите нема да е проблем“, рече тогаш Чеферин.