Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги повика судиите почесто да ги казнуваат грубите прекршоци за време на натпреварите од Лигата на шампионите и од Лигата на Европа.
– Работата на фудбалерите е да играат, а наша задача е да ги заштитиме. Не сакаме да гледаме било повреди кои ја загрозуваат кариерата на играчот, без разлика дали биле направени ненамерно или не, изјави Пјерлуиџи Колина, претседателот на Судиската комисија на УЕФА.
Легендарниот арбитер кој важи за еден од најдобрите фудбалски сидии на сите времиња побара играчите да покажат почит кон ривалите.
– Да се врати фер-плејот на терените. Респектот кон противничкиот играч треба да постои во секој момент од натпреварот, додава Колина.