УЕФА го казни турскиот фудбалски клуб Бешикташ со 34.000 евра, поради пропуст во организацијата на натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, кога на теренот во Истанбул влезе мачка.
Англискиот судија Мајкл Оливер во второто полувреме краток период го прекина натпреварот, бидејќи на теренот на стадионот на Бешикташ се појави мачка.
УЕФА го казни турскиот клуб и заради блокираните приоди до трибините, како и за однесувањето на турските навивачи кои фрлаа предмети на теренот.
МИА