сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА го менува домаќинот за финалниот меч од ЛШ?

УЕФА го менува домаќинот за финалниот меч од ЛШ?

Европската фудбалска куќа УЕФА е се поблиску до носење одлука, овогодинешното финале од Лигата на Шампионите да го пресели од Истанбул , и истото да се игра на стадионот Вембли во Лондон.

Причината за ова е проблемите коис е создадоа со пандемијата, а ги има неколку. Прво и основно во Турција во моментов владее тотален карантин, потоа, двата финалисти се од Англија, а владата во Велика Британија, со документ им забрани на навивачите да патуваат во Истанбул доколку мечот се игра таму, и конечно доколку и се оди во Турција, сите стартувајќи од тимови па натаму ќе мора најпрво во карантин.

УЕФА поради тоа најверојатно ќе донесе одлука финалето помеѓу Манчестер Сити и Челзи да се игра во Лондон, но со назнака дека клубовите ќе мора да се октажат од заработката по повод учевството во финалето и парите ќе му бидат доделени на градот Истанбул односно на организаторот на финалниот меч сума која изнесува 22.5 милиони евра.