петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА го одреди форматот на квалификациите за СП 2022

УЕФА го одреди форматот на квалификациите за СП 2022

Европската фудбалска асоцијација определи како ќе се играат квалификациите за Светското првенство кое на крајот на 2022 година ќе се игра во Катар.

Во соопштението на УЕФА се вели дека квалификацискиот турнир ќе се состои од 10 групи. Победникот од секоја група ќе добие билет за Мундијалот директно. Екипите кои ќе бидат втори, како и двете најдобри екипи од Лигата на нации ќе учествуваат во плеј-офот, каде ќе се одредат добитниците на уште билети за СП.

Планетарниот фудбалски собир во 2022 година ќе се одржи во Катар од средината на ноември до средината на декември.