понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА и ФИФА задоволни од работата на ФФМ: Oваa е партнер и федерација за пример

УЕФА и ФИФА задоволни од работата на ФФМ: Oваa е партнер и федерација за пример

Редовното годишно собрание на ФФМ го следаеа и преставници на УЕФА и ФИФА, од името на европската куќа гостине беше Денис Бастари, додека од светската Чарлс Ворман.

„Соработката меѓу ФИФА и ФФМ е одлична, ви благодарам,  честитки и за  одличните резултати кои ги имате на зелениот терен, но што е поважно  и надвор од него. ФФМ е одлично организирана федерација, вие сте ценет партнер и ние (ФИФА) секогаш сме тука за вас за да ги помогнеме сите ваши проекти, ви ги пренесувам поздравите од претседателот Џани Инфантино“,  рече Чарлс Ворман од ФИФА.

Пофални зборови и од преставникот на УЕФА:

„Голема благодарност за  ФФМ , вие  ни давате поддршка за сите одлуки на УЕФА во времето на Ковид кризата но и сега кога се случуваат овие моменти во Украина. ФФМ направи многу во подобрување на инфраструктурата, имате успешни  проекти во кои беше искажан максимален професионализам. Одличната ваша  работа донесе  пласманот на ЕУРО, вие бевте пријатно освежување, тоа беше чудо но тука не застанавте затоа што направивте уште едно чудо и за 12 дена ќе играте со европскиот првак за пласман на СП“ – изјави Денис Бастари од УЕФА.