Европската фудбалска куќа (УЕФА) донесе одлука дека екипите на Милан, Астон вила и Брајтон може да учествуваат во меѓународните натпреварувања во новата сезона. Трите клубови беа заплашени дека може да не играат во европските купови затоа што нивните сопственици имаат акциски делови и во други клубови кои ќе играат во Европа.
Сопствениците на Милан „RedBird Capital Partners“ се сопственици и на француски Тулуз. Газдите на Астон вила имаат дел од акциите во португалската Викторија Гимараеш, додека сопственикот на Брајтон, Тони Блум има акции во белгискиот Унион Сен Жилоа.
Проблемите беа фокусирани на англиските клубови затоа што Брајтон и Унион Сен Жилоа ќе играат во Лигата на Европа, додека Астон вила и Викторија Гимараеш ќе бидат дел од Конференциската лига.
Милан ќе игра во Лигата на шампиони, а Тулуз е во Лигата на Европа и мали се шансите да се сретнат овие два клуба меѓу себе.
Според правилата на УЕФА ниту еден клуб не може да игра против друг клуб во кој еден ист човек или фирма имаа акции во двата клуба.