петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

УЕФА им се извини на Реал.М и Ливерпул за нередот на финалето во Парис

УЕФА им се извини на Реал.М и Ливерпул за нередот на финалето во Парис

Европската фудбалска унија (УЕФА) упати најискрено жалење и извинување до двата годинешни финалисти во Лигата на шампионите, европскиот првак Реал Мадрид и вицепрвакот Ливерпул за парискиот хаос и непријатностите со кои се соочија навивачите на двата тима пред мечот на „Стад Д’Франс“ во Париз.

„УЕФА упатува наискрено жалење и извинување до сите навивачи кои имаа непријатно искуство и беа сведоци на немилите случувања пред финалето во Лигата на шампионите, во ноќта кога требаше да се слави фудбалот. Ниту еден навивач не смее да се најде во таква ситуација и ова не смее повеќе да се случи“, објави УЕФА.

Европската централа веќе нарача независна истрага која ја води португалскиот парламентарец Тијаго Брандао Родригес, поранешен министер за образование, млади и спорт во Португалија, кој ќе треба да ги прибере сите информации околу организацијата на мечот, распродажбата и рапсределбата на билети, однесувањето на навивачите…, како и оперативните планови за бесбедност на француската полиција и организаторот.