Британската ТВ-мрежа „Скај спортс“ вечерва објави дека романскиот фудбалски судија Себастијан Култеску ќе биде казнет со најмалку десет натпревари за инцидентот на мечот од Лигата на шампиони меѓу ПСЖ и Башакшехир.
Натпреварот беше прекинат во првото полувреме, откако турскиот тим го обвини романскиот судија дека упатил навредливи зборови на расна основа кон нивниот помошен тренер Пјер Вебо, по што двете екипи го напуштија теренот.
„Какво и да е нарушување на достоинството на поединец или група луѓе на верска, расна, етничка или друга основа подлежи на казна од минимум десет натпревари“, го цитира „Скај спортс“ дисциплинскиот правилник на УЕФА. (МИА)